Шекеринска: Главен фокус на Владата во изминатите 10 месеци беше економската стабилизација

Макфакс

15/05/2018

09:41

1.116

Големина на фонт

а а а

Главен фокус на нашето работење во последниве десет месеци, беше економската стабилизација и спроведувањето на клучните мерки од програмата за долгорочно да обезбедиме раст на платите, раст на економијата, добро платени работни места и подобар животен стандард на граѓаните, истакна заменик-претседателкатаa на СДСМ Радмила Шекеринска на отворената граѓанска трибина на ОО СДСМ Бутел.

„Клучните ветувања за почеток на мандатот се релизирани, тоа може да го кажеме со чист образ. Само со укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата, обезбедени се заштеди кај граѓаните во износ од околу 23 милиони евра. Растот на минималната плата на 12 илјади денари придонесе денес околу 90.000 семејства да добиваат повисоки приходи. Но не застануваме тука. Сакаме платите редовно да растат, затоа ќе продолжиме редовно да ја зголемуваме платата преку директна поддршка на компаниите“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека активираната спирала за раст на платите, Владата дополнително ја стимулира со мерките за финансиска помош на компаниите. „Веќе од наредниот месец се отвора можност сите специјализанти во здравството да добиваат редовна плата, а преку заштедите што ги направивме, од оваа година, предвидено е да биде воведено и бесплатното болничко лекување за сите граѓани“, посочи Шекеринска.

Во своето обраќање пред граѓаните, Шекеринска истакна дека иако Македонија до неодамна била заробена, денес таа е држава на слобдни граѓани со променета политичка клима и тоа е признаено и на меѓународен план.

„Тоа што од целиот регион, нашата држава го доби најпозитивниот Извештај од Европската комисија како држава ни е влезница преку која можеме да се надеваме во јуни да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ во јуни, а во јули да можеме да добиеме покана за полноправно членство во НАТО“ истакна Шекеринска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг