Запалени американското и израелското знаме на протест во Истанбул

Макфакс

15/05/2018

09:41

1.062

Големина на фонт

а а а

Илјадници луѓе се собраа во Истанбул во знак на протест за преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и смртоносните судири долж израелско-палестинската граница.

Тие носеа транспаренти со натписи: „Ал Кудс им припаѓа на муслиманите (Ал Кудс е арапски назив за Ерусалим) и скандираа „Бог е голем“ и ги палеа знамињата на САД и Израел.

 

Еден говорник на протестите ги нарече Американците „кучиња“, додека толпата скандираше „Ерусалим е наш и ќе биде наш!“. 

Собирот го организираше про-исламската хуманитарна фондација, откако Турција жестоко ги искритикува САД и Израел за селидбата на амбасадата. 

Говорејќи во Анкара, турскиот премиер Бинали Јилдирим ги осуди двете земји што ја слават селидбата додека, како што рече, невините и незаштитените Палестинци стануваат маченици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг