Израелците без милост: 58 мртви и над 2 илјади ранети Палестинци во протестите поради отворањето на американската амбасада во Ерусалим

Точка

15/05/2018

09:30

2.106

Големина на фонт

а а а

Учесниците на протестите кои што успеале да преживеат, имаат повреди нанесени со боева муниција, солзавец и други средства за растерување на насилна толпа.

Бројот на убиените учесници на протестите кај граничната ограда долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, кои што избија во пресрет на отворањето на американската амбасада во Ерусалим, се искачи на 58, додека над 2,700 лица се ранети, соопштија од палестинското Министерство за здравје.

Како што откриваат палестинските власти, демонстрантите кои што се судрија со израелските вооружени сили долж границата, биле ранети од боева муниција, солзавец и други средства.


Со најновата црна бројка, вчерашниот ден беше најкрвавиот ден за Палестинците откако се обновија судирите во Појасот Газа од 2014-та година помеѓу палестинското движење Хамас и израелските безбедносни сили, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Соединетите Американски Држави вчера и официјално ја отворија новата амбасада која што беше преместена од Тел Авив во, како што велат Американците, израелската престолнина Ерусалим.

Од израелската армија соопштија дека во пресрет на отворањето на американската амбасада во Ерусалим, биле фрлани летоци на кои што пишувало дека израелските безбедносни сили „ќе реагираат на секој обид за рушење на безбедносната ограда или обид да се нападне војник на израелската армија или израелски цивил“.


Сепак, насилни протести избија долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, а Палестинците во неколку наврати и неколку точки се обиделе да постават експлозив и да ја срушат оградата.

На тоа израелските војници одговориле со боева муниција, а од военото воздухопловство на Израел синоќа потврдија дека поради немирите, израелските борбени авиони извеле пет воздушни напади на кампови за обука на екстремисти во Палестина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг