Буфон закажа средба со новинарите

Дерби

14/05/2018

20:35

1.584

Големина на фонт

а а а

Џиџи Буфон најави дека ќе ја соопшти својата одлука околку евентуалното завршување на кариерата по средбата со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, а тоа очигледно ќе се случи пред последното коло во Серија А.

Легендарниот италијански голман го обезбеди седмото скудето по ред заедно со своите играчи, па за во четврток најави прес-конференција, односно средба со новинарите на која ќе ја соопшти својата одлука.

Се претпоставува дека Буфон ќе објави крај на кариерата, бидејќи во тој стил се и последните изјави на претставници на Јувентус, односно неговите соиграчи. Прес-конференцијата е закажана за во четврток во 11:30 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг