Форлан за „трансферот“ на Гризман во Барселона: Никој не е над клубот, ќе биде лицемерно…

Дерби

14/05/2018

16:22

1.129

Големина на фонт

а а а

Една од најактуелните тем во шпанската јавноста во изминатиов период е можниот трансфер на Антоан Гризман во Барселона во летниот преоден рок.

Новиот шпански шампион сака да ја активира клаузулата во неговиот договор со Атлетико Мадрид и да ги обезбеди неговите услуги за сума од 100 милиони евра. Засега Атлетико се противи на овој трансфер и со сите сили се бори да го задржи Французинот, особено по неколкуте јавни изјави на дел од луѓето од Барселона по што стигна соодветна реакција и од „колчонеросите“.

Се очекува во брзо време да се даде одговор на ова прашање и да се расчистат сите дилеми околу Гризман, а во меѓувреме на оваа тема се огласи и легендата на Атлетико, Диего Форлан.

Тој не гледа никаков проблем напаѓачот да заврши во Барселона или поточно смета дека мадритскиот состав не може да се жали за ваквиот трансфер.

- Тука беа Агуеро, Фалкао, Коста и останати. Ниту еден играч не е над клубот. Животот продолжува. Истото се случи и со Гризман кога Атлетико го потпиша од Реал Сосиедад. Ако се жалиме дека Барса ќе го купи, тоа ќе биде лицемерно. Секој го искористи својот момент и ако играчот сака да оди, тоа ќе го направи, - порача Уругваецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг