Кјелини го начека Инсиње „на пенал“ и брутално му одговори на провокацијата 20 дена подоцна!

Дерби

14/05/2018

11:32

1.139

Големина на фонт

а а а

Со ремито на „Олимпико“ во Рим, Јувентус и официјално се прокламираше како старо-нов шампион на Италија, а сите членови на тимот од Торино се согласни дека седмата последователна титула во Серија А има посебно значење со оглед на притисокот и критиките кои ги добиваа во текот на сезоната.

Многумина го доведоа во прашање шампионскиот капацитет на овој тим на Масимилијано Алегри откако пред три кола загубија во големото дерби со Наполи на домашен терен, па мора да се напомене дека тоа беше и повод фановте на клубот од „Сан Паоло“ да ја слават победата во Торино како титула.

На крајот, „наполитанците“ уште една сезона мора да се задоволат само со второто место, а Џорџо Кјелини кој не играше на последните натпревари поради повреда сега дочека шанса и го начека Инсиње „на пенал“ за ниската провокација која пристигна по дербито.

Тогаш фудбалерот на Наполи ги испровоцира фудбалерите на Јуве посочувајќи дека поразот од Наполи не е никаква новост за нив бидејќи се научени да губат во финалиња, па така 20 дена подоцна пристигна еден жесток одговор од Кјелини кој побара од Инсиње да испрати извинување.

– Се плашевме од пораз во Милано, но сите оние кои не критикуваа само ни правеа услуга. Не треба да се обидуваат да ја повредат нашата гордост, како да ни даваат серум со таквиот пристап. Премногу луѓе покажаа непочитување кон нас, сега симнавме голем товар од нашите раменици. Ние повторно сме најдобрите. Сакам да кажам дека во животот мора да покажете поголемо почитување, а тие почнаа да слават прерано. На крајот од денот, ние сме тие кои секогаш се радуваат. Јувентус губи финалиња поради тоа што игра финалиња. Други пак испаѓаат во осминафиналето или во четвртфиналето. Кога покажувате такво непочитување, треба и да се извините, – порачува искусниот Кјелини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг