Најголемо протекување на тајни податоци во историјата на фудбалот: Откриени шокантните договори на Салах, Ван Дајк, Санчез, Обамејанг...

Точка

12/05/2018

19:20

10.054

Големина на фонт

а а а

Потресен е фудбалскиот свет, а од цифрите ќе ви се заврти во глава.

Германскиот магазин "Spiegel" го потресол фудбалскиот свет по објавувањето на книгата со име "Откривање на валканите работи во најубавата игра", во која е откриено се тоа што се чува во тајност и поради што главните луѓе на водечките клубови, посебно во премиер лигата, ќе мора многу да објаснуваат. 

Протекле детали за лудите бонуси и платите за играчи како Алексис Санчез, Пјер Емерик Обамејанг, Хенрик Мкитаријан, Вирџил Ван Дајк, Мохамед Салах...

Алексис Санчез

Чилеанецот годишно заработува 23.000.000 милиони евра годишно од плати и маркетиншки права - што зависи од квалификувањето на Манчестер во Лигата на шампионите, што Јунајтед и обезбедил, но тоа не е се. Добива уште 85.000 евра за секој натпревар кој го почнува како стартер, па досега заработил 1.500.000 евра само на тој начин.

Платата му е 450.000 евра неделно, а Јунајтед се обврзал да му плати околу 8.000.000 евра само за потписот кога дошол од Арсенал, а во другата насока отишол Хенрик Мкитаријан.

Ќе добие повеќе од 2.000.000 евра ако дојде до комбинација од 40 голови и асистенции во сезона. Ќе добие преку 1.000.0000 евра ако Јунајтед ја освои Лигата на шампионите и половина милион евра ако ја освои Премиер лигата.

На овој начин, Санчез потенцијално годишно би можел да заработи преку 28.000.000 евра.

Пјер Емерик Обамејанг

Обамејанг во договорот има бонус за лојалност кој ќе биде поделен на четири дела и изнесува 17.000.000 милиони евра, и ќе му биде исплатен до крајот на договорот во 2021. година. Ќе добие и 340.000 евра за 25 голови и асистенции комбинирано во сезона.

За секој натпревар како стартер во Премиер лигата, а Арсенал победи, ќе добие 56.000 евра, а на тоа име веќе заработил 300.000 евра.

Најлудиот дел од договорот на Обамејанг се однесува на неговиот бонус за Лига на Шампиони од 3.000.000 евра, кој ќе го добие, иако Арсенал не успеал да се квалификува во ова натпреварување.

Хенрик Мкитаријан

Репрезентативецот на Ерменија има плата од околу 165.000 евра неделно, а таа може да скокне на 270.000 евра, ако Арсенал одлучи да му го продолжи договорот.

Исто така, и тој има "бонус за лојалност" од речиси 10.000.000 евра.

Вирџил Ван Дајк

Неговиот договор е комплексен и содржи сериозни бонуси за секој натпревар во кој Ливерпул не прима гол. Ако има 18 натпревари без примен гол, Вирџил Ван Дајк ќе добие 425.000 евра, за 20 натпревари 566.000 евра, а за 22 - 850.000 евра.

Платен е на Саутемптон 84.000.000 евра, добил 6.800.000 само за потпис, има 5.660.000 евра бонус за лојалност, ќе добие и 4.500.000 евра ако одигра 150 натпревари и Ливерпул заврши во топ четири во Премиер лигата и ќе добива 23.000 евра за секој гол и асистенција.


Мохамед Салах

Феноменалната сезона на Египќанецот веќе го чини Ливерпул 3.000.000 евра, а тоа е цифрата која оди на име на бонуси за голови и асистенции - потребно е да ги има 35. Феноменалниот Салах тоа го направил веќе во февруари оваа сезона. Годишната плата му е 7.25 милиони евра, па со бонусите ќе надмине 10 милиони евра.

Во однос на тоа како игра, како и во споредба со некои договори на останатите играчи, Ливерпул минал одлично и нема сомнение дека со задоволство му ги исплаќа бонусите, а тие ќе бидат уште поголеми како Црвените дојдат до својата 6. титула првак на Европа по финалето во ЛШ против Реал Мадрид.

Алваро Мората

Неговата неделна плата е 216.000 евра, а доколку стартува на половина од натпреварите ќе добие уште 940.000 евра во бонуси, а тоа е остварливо.

Платен е 65.000.000 евра од Реал, а неговиот агент е платен уште 6 милиони.

Мората во договорот има и ставка да добие 1.000.000 евра ако постигне 25 голови во сезоната, а во тоа потфрлил, бидејќи досега има дадено 15, а Челзи до крајот на сезоната има уште два натпревари.

Ромелу Лукаку

Белгиецот е платен на Евертон 85.000.000 евра. Годишната плата му е речиси 9.000.000 евра, а Евертон ќе добие уште 5.700.000 за бонуси. Неговиот поранешен клуб ќе добие нешто повеќе од 11.000.000 евра ако Лукаку даде 23 гола во секоја од неговите први четири години во Јунајтед, а оваа сезона веќе дал 26.

Лукаку ќе добие бонус од 5.000.000 евра ако ја заврши сезоната со збир од 50 голови и асистенции. Досега има 35. Ќе добие 2.700.000 евра на основа на бонусот за лојалност и 2.150.000 евра на основа на маркетиншки права.

Златан Ибрахимовиќ

Се појавиле податоци дека Златан Ибрахимовиќ, додека играл за Јунајтед имал 198.000 евра ако биде стартер во компетитивен натпревар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг