Знамето на САД гореше во парламентот на Иран

Макфакс

09/05/2018

21:37

2.705

Големина на фонт

а а а

Извикувајќи „Смрт за Америка“, иранските пратеници го запалија знамето на САД во парламентот во Техеран, ден по одлуката за повлекување од нуклеарниот договор.

До нередите во парламентот дојде кога иранскиот пратеник, Али Ларијани и претседателот Хасан Рохани изјавија дека се надеваат оти европските лидери ќе соработуваат со нив на зачувување на меѓународниот нуклеарен договор, без САД.

Ларијани изјави дека по одлуката на Трамп, Иран сега ќе може да продолжи со развој на нуклеарниот договор.

Пратениците освен што го запалија знамето на САД, изгореа и лист кој го претставува нуклеарниот договор, а потоа ја газеа пепелта.