Саудиска Арабија вели дека пресретнала ракети на хутите над Ријад

Макфакс

09/05/2018

14:21

1.007

Големина на фонт

а а а

Саудиска Арабија пресретнала две балистички ракети над главниот град Ријад кои биле испукани од Јемен, пренесоа медиумите во земјата откако најмалку четири експлозии го потресоа центарот на градот.

Јеменските хути кои се поврзани со Иран изјавија дека проектилите ги лансирале кон економски цели во главниот град на Саудиска Арабија.

Сè уште нема сознанија за жртви или штети.

Нападот се случи еден ден откако владата на американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарната спогодба со Иран, делумно поради загриженоста дека договорот не ја опфаќа програмата за балистички ракети на Техеран, ниту иранската улога во конфликтот во Јемен, но и во Сирија.

Хутите ги интензивираа ракетните напади врз соседното кралство поради желбата да се одмаздат за нападите кои коалицијата предводена од Саудиска Арабија им ги нанесе во борбата во Јемен.

Саудиска Арабија и сојузот од мулсимански држави интервенираа во граѓанската војна во Јемен во 2015 со цел да ги оттргнат хутите кои претходно ја протераа во Ријад меѓународно признаената влада.

Државните медиуми исто така пренесоа дека силите за противвоздушна одбрана исто така пресретнале ракетен напад во јужниот град Џизан.

Портпаролот на коалицијата соопшти дека нападот е доказ дека Иран и понатаму продолжува да ги поддржува хутите, објавија државните медиуми.

Хутите и Техеран ги негираат сите обвиненија.