Заев и Груевски на судења за „Поткуп“ и „Титаник“

Макфакс

09/05/2018

09:45

648

Големина на фонт

а а а

Со разлика од половина час премиерот Зоран Заев и експремиерот Никола Груевски како обвинети треба да се појават на судењата за предметите „Поткуп“ и „Титаник“, во кривичниот суд во Скопје.

Во случајот „Поткуп“, во судницата треба да биде пуштена видеоснимката со прекини од кабинетот на Зоран Заев како градоначалник, која што беше објавена на „Јутјуб“. Судењето финишира и е пред донесување пресуда.

Предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство никако да почне со воведни говори и главната расправа, затоа што судот го чекаше решението на Врховниот суд за изземањето на судиите кои треба да им судат на Груевски и останатите 20 обвинети за изборни измами. Ним ќе им судат судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, бидејќи врховните судии не им ги прифатија приговорите на обвинетите.