Заев на распит во кривичниот суд за „Поткуп“

Макфакс

07/05/2018

10:04

740

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд во Скопје попладнево продолжува судското рочиште за предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

За денешното судење, закажан е распит на Заев и изведување докази на неговите адвокати. Тие на претходното рочиште се откажаа од испитување тројца сведоци и докази бидејќи, како што рече Заев по рочиштето, „сè се гледа и сè е јасно“.

Тој посочи дека го местеле за го спречат објавувањето на бомбите, а изјави и дека очекува ослободителна пресуда за предметот кој финишира.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. За 15 мај е закажано уште едно рочиште.