ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на угледот на елитните полициски сили, реагира СДСМ

Макфакс

04/05/2018

22:02

1.356

Големина на фонт

а а а

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години ја злоупотребуваше полицијата и другите државни институции, продолжува да измислува случаи преку кои очајно се обидува да ја манипулира јавноста. Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во Министерството за внатрешни работи. Несериозно е од кој било политички субјект да се обидува со неточни информации да нанесува штета на угледот на елитните полициски сили.

Според партијата, за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ,  исхраната на припадниците на посебните единици денес е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед и во согласност со сите нутриционистички и други параметри. Истовремено, отворен е процес на сеопфатно решавање на проблемот со неисплатените прекувремени работни часови со што ќе се надмине овој долгогодишен проблем без да се нанесе штета на буџетот на Министерството или на штета на вработените во Министерството.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести и измислени скандали во кои никој не верува. Владата предводена од СДСМ, како и сите Министерства работат на надминување на наследените проблеми и унапредување на условите за работа и живот на сите граѓани“, велат од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг