Заев на средба со светската рекордерка во маратон: Клучно е да ги мотивираме младите да спортуваат

Макфакс

04/05/2018

21:56

838

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на одржувањето на годинешниот „Визер – Скопски маратон“, денеска премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, советниците за спорт и млади Ѓорѓи Тасев и Даниел Димевски, се сретна со светската рекордерка во маратон и промоторка на маратонот Пола Редклиф, и претставници од организацијата на маратонот.

Гостите го запознаа премиерот со почетоците и развојот на овој скопски маратон низ годините, како и со светските резултати и постигнувања на Редклиф во маратонските трки. Тие исто така изразија огромна благодарност за поддршката што ја добиваат од Агенцијата за млади и спорт во целокупната организација на оваа спортска манифестација.

Премиерот Заев истакна дека мисија е на оваа влада да го промовира спортот во земјава, со посебно внимание на младите спортски таленти затоа што, како што рече тој, „спортот е најдобриот амбасадор, посебно за малите држави. Клучно е да ги мотивираме граѓаните, а посебно младите да спортуваат”.

Исто така, премиерот Заев ги запозна гостите со плановите за развој на спортовите во Македонија преку законски измени кои, меѓу другите мерки, опфаќаат и механизми за даночни олеснувања за компаниите кои ќе се вложат во развојот на спортот во земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг