Чекаме ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за една изборна единица, велат од СДСМ

Макфакс

04/05/2018

13:31

918

Големина на фонт

а а а

СДСМ чека опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за промена на изборниот систем во една изборна единица, во преговорите меѓу работните групи за измени на изборното законодавство.

Пратеникот од СДСМ Бетиане Китев го повтори ставот на СДСМ дека не отстапуваат од нивните заложби за промена на изборниот модел и воведување гласање со отворени листи.

- Очекуваме да се изјасни ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање. Ние се залагаме да се транформира сегашното гласање од неколку изборни единици во една, а граѓаните да имаат право и на преференцијално гласање. Но за тоа да се случи се разбира потребна е согласност од сите партии. Се додека ВМРО-ДПМНЕ калкулира и тактизира немаме одговор, вели Китев.

Во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори, Китев посочи дека во моментов нема услови за тоа.

– Услови не постојат, но ако се создадат и ако водствата на политичките партии мислат дека тоа е најдобро решение, СДСМ и коалицијата се подготвени и можеме да одиме на избори, додаде Китев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг