Наинголан испрати порака и им се извини на навивачите

Дерби

03/05/2018

11:50

1.482

Големина на фонт

а а а

Екипата на Рома го победи Ливерпул со 4-2, но тој резултат не беше доволен за пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Двата гола во финишот за победа ги даде Раџа Наинголан кој од друга страна беше главниот виновник за водечкиот погодок на гостите, откако лесно ја „продаде“ топката која потоа ја искористи Садио Мане.

Токму поради таа грешка Раџа се извини и побара од фановите да му проста.

- Горд сум што сум дел од овој тим. Жал ми е за грешката која директно влијаеше врз конечниот резултат…Одиме напред, - порача Белгиецот преку својот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг