Стоилковски и Арсовски – нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

03/05/2018

11:45

944

Големина на фонт

а а а

Новинарот Наум Стоилковски, е еден од двајцата нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Димче Арсовски, соопшти партијата.

Стоилковски беше новинар во „Република“ и „ТВ Нова“, каде што претходно гостуваше како експерт за различни прашања. Тој по крвавиот четврток напиша дека ВМРО-ДПМНЕ, направила маскимум, и дека е избегната граѓанска војна. Арсовски, пак, изминатата година одржува серија прес-конференции во партиското седиште и на други локации против политиките на власта. Иво Котевски, останува директор на Центарот за комункации на ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг