Зидан го избра својот херој кој ја направил разликата против Баерн

Дерби

02/05/2018

17:44

2.603

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан трета година по ред ќе биде тренер во едно големо финале во Лигата на шампионите, достигнување кое секако не го остава рамнодушен ниту самиот Французин кој се обиде да ги извлече најважните работи по вчерашната драма на „Бернабеу“.

Баерн Минхен силно притискаше во самата завршница и во неколку наврати беше многу блиску до трет гол, но сепак Кејлор Навас и одбраната на Реал успеаја да издржат и да го однесат тимот од трето последователно финале во најелитното клупско натпреварување.

Епитетот херој од целата шпанска јавност го добива Кејлор Навас кој имаше дури осум успешни интервенции, но сепак според Зизу, играчот на мечот е Карим Бензема.

– Навистина сум посебно радосен за Карим, тој го заслужува тоа. Никогаш не престана да работи како што знае, денеска тој ја направи главната разлика на теренот. Многу сум радосен за него, за тимот. После него, тука е и Кејлор. Имаше многу паради во вториот дел и излезе како победник во најголем дел во дуелите со големи играчи. Не можам да го кријам огромното задоволство за новиот пласман во финалето, – искрено порача Зизу по средбата која заврши 2:2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг