СДСМ: Првпат по неколку години има пад на јавниот долг

Макфакс

02/05/2018

16:53

1.057

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и расипништво и партија што за време на своето 11-годишно криминално владеење тројно го зголеми долгот на Република Македонија за остварување криминални интереси, нема никаков кредибилитет да зборува за економија, реагира СДСМ на обвинувањата на Лилјана Кузмановска.

„Очигледно е дека опозициската партија не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ. За само десет месеци, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира и придвижи економијата и одговорно да управува со парите на граѓаните. Поради успешните економски мерки и одговорното управување со финансиите, во 2017 година првпат по неколку години забележан е пад на јавниот долг, а просечната плата бележи раст од 4,6 отсто“, се вели во реакцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг