Херојот Кејлор Навас: Реал веќе купи нов голман

Дерби

02/05/2018

13:49

2.245

Големина на фонт

а а а

Кејлор Навас се претвори во херој на Реал Мадрид благодарение на своите осум успешни интервенции кои ги имаше на вчерашниот меч со Баерн Минхен, перформанс со кој буквално ги остави Баварците без посакуваниот, а можеби и заслужен пласман во големото финале во Киев.

Баерн беше подобар тим и имаше многу повеќе шанси од Реал Мадрид на двата меча, но сепак вчера во одлучувачките моменти, играчите на германскиот шампион не успеа да пронајдат начин да го совладаат костариканскиот голман кој го сочува својот гол.

Навас кој постојано се поврзува со заминување од Реал пред извесно време доби јавна поддршка од Флорентино Перез, а по крајот на вчерашното полуфинале со Баерн даде една интересна изјава со која симболично ја спомена и промената на својата фризура.

– Реал веќе купи нов голман. Си ја скратив косата, сега сум друг голман. Морам да кажам дека капитените ми даваат поддршка во секој момент, дури и кога работите не одат добро. Ние сме многу цврста и сплотена група и тоа е многу важно. Чувствувам дека има луѓе кои ме сакаат, благодарен сум и на сите тие што имаат такви симпатии кон мене, – изјави Кејлор по натпреварот и додаде.

– Многу сум среќен за добрите одбрани, благодарен сум на Бога. Вистината е дека ова беше многу тешко за нас, игравме против многу силен тим, Баерн не е било кој. Не притиснаа, но успеавме да издржиме, – заклучи чуварот на мрежата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг