Зидан верува дека Рома има шанси за пласман во финалето

Точка

02/05/2018

17:11

936

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан синоќа го одведе мадридски Реал во уште едно финале од најелитното европско клубско натпреварување - Лигата на шампионите.

Откако Реал Мадрид успеа да се пласира во финалето, Зидан изјави дека му е сеедно против која екипа неговите момци ќе играат во Киев. Тренерот на Реал не ја отпишува ниту Рома, иако Римјаните на првиот натпревар загубија со 5:2.

„Со кого ќе играме во финалето, Ливерпул или Рома? Во фудбалот се е можно, Рома се уште има шанси за пласман во финалето“, изјави Зинедин Зидан.

Финалето од Лигата на шампионите се игра на 26-ти мај во главниот град на Украина, Киев, а после Реал, вечерва ќе го дознаеме и вториот патник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг