Заев на координација со парламентарното мнозинство ќе одлучи за нов гувернер на НБРМ

Макфакс

02/05/2018

12:28

1.091

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев за денеска најави координација со парламентарното мнозинство, каде што треба да биде изграден конечен став по однос на прашањето за нов гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Вчера Заев изјави дека бил изненаден кога слушнал оти претседателот Иванов го доставил до Парламентот предлогот Димитар Богов да биде старо-нов гувернер на НБРМ.

Премиерот посочи дека неодамна на средбата со Иванов меѓудругото станало збор и за пополнувањето на гувернерското место.

Инаку, опцијата Богов да добие уште еден гувернерски мандат е неприфатлива за ДУИ. Димитар Богов е гувернер на НБРМ од 2011. Доколку мнозинството не прифати нов негов мандат, а Иванов не достави друг предлог, НБРМ ќе остане без прв човек до изборот на нов претседател на државата во мај наредната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг