Долче и Габана - висока мода за мажи

Супермен

02/05/2018

11:45

2.102

Големина на фонт

а а а

Големото јаболко послужи како инспирација за Долчe и Габана Алта Сарториа колекцијата за пролет/лето 2018. Не штедејќи ја својата креативност и квалитет, овој италијански моден бренд одржа ревија токму во Њујорк во Центарот Рокфелер.

Моделите прошетаа на пистата во најновите дизајни на брендот пропратено со музика во живо од страна на Лајза Минели. 


На модната писта можевме да ги погледнеме неколку од милениците на брендот, како што се Остин Махон и Брендон Томас Ли. Долче и Габана ангажираше и неколку стари пријатели, па моделите Артур Кулов, Енрике Паласиос и Дејвид Ганди исто така беа дел од овој спектакл.

Претставувајќи ни го безвременскиот стил кој не познава за години, Долчe и Габана ја воодушеви публиката со своите познати дезени во комбинација со енергијата на Њујорк. Сатенски костими, бомбер јакни со штрафти и декорирано сако се дефинитивно моделите на кои сме се имаме прилагодено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk