Реал го преживеа Баерн и ќе ја брани титулата во ЛШ

Дерби

01/05/2018

23:02

2.633

Големина на фонт

а а а

Екипата на Реал Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако вечерва остана непоразен против Баерн Минхен (2-2) на „Сантијаго Бернабеу“ и со конечни 4-3 ја доби полуфиналната пресметка со најдобриот германски состав.

Бундеслигашот беше подобар во шпанската престолнина, го надигра противникот во сите сегменти и елементи, но не успеа да дојде до резултат кој ќе го однесеше во завршниот меч во Киев. Се добро започна за гостинот кој преку Кимих поведе во 3 минута, меѓутоа таа радоста не траеше долго и Бензема во 11 минута со удар со глава го израмни резултатот.

Потоа двете страни имаа свои шанси, меѓутоа до промени не дојде и со овој резултат се замина на пауза. На стартот на вториот дел следуваше вистински шок за Баерн, голманот Улрајх направи катастрофална грешка која ја искористи Бензема за 2-1 и ерупција на „Бернабеу“.

Сепак германците се соземаа и набрзо одговорија на предизвикот преку Родригез во 63 минута израмнувајќи на 2-2, поточно носејќи нова неизвесност. До крајот клубот од Минхен ја имаше иницијативата, притискаше, упатуваше удари, меѓутоа не дојде до посакувната цел и доживеа елиминација од елитното натпреварување.

Ова за Реал е трето финале во низа и во истото ќе игра со победникот од пресметката меѓу Рома и Ливерпул каде премиелигашот има позитива од 5-2 од првата средба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг