„Тотал инженеринг“: Мицкоски лаже, механизацијата не беше ангажирана во ниту една постапка на РЕК „Битола“

Макфакс

30/04/2018

21:36

1.275

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Тотал инженеринг“ тврди дека нејзина механизација не била ангажирана во ниту една постапка на РЕК „Битола“ или во која било државна институција.

„Во врска со изнесените лаги од страна на Христијан Мицкоски, кои се однесуваат на наводна работа на механизација која е сопственост на ‘Тотал инженеринг’ во РЕК ‘Битола’, ја известуваме јавноста дека единствената вистина е следнава: ‘Тотал инженеринг’, водејќи се од принципиелни и објективни причини и со цел да оневозможи каков било конфликт на интерес при својата работа, неодамна изврши продажба на севкупната механизација (камиони, багери, валјаци, булдожери и друго). ‘Тотал инженеринг’ нема никаков деловен однос со компанијата која Мицкоски ја наведува, во обид да конструира непостоечки лажен случај. Затоа, уште еднаш потенцираме дека механизацијата на ‘Тотал инжинеринг’, ниту пред продажбата, ниту по тоа, не била и не е ангажирана во ниту една постапка во РЕК или во која било друга државна институција“, се вели во реакцијата на „Тотал инженеринг“.

Од компанијата велат дека лажните обвинувања на Мицкоски се низок, непромислен и неуспешен обид на неговата партија да го извалка името на премиерот, неговите роднини и компанијата „Тотал“.

Тие најавија судска постапка против Мицкоски, а во меѓувреме упатија повик до обвинителството и финансиската полиција, но и сите невладини организации кои се занимаваат со отчетност и транспарентност, да ги истражат детално обвинувањата на Мицкоски и јавно да се произнесат дали „Тотал“  има каква било индиректна или директна релација со евентуални тендери во државни или јавни институции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг