Хајнкес „пресече“ за Робен, познато е со кој тим Баерн патува за Мадрид

Дерби

30/04/2018

16:55

932

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ќе брка негатива од 1:2 на гостувањето во шпанската престолнина, а задачата ќе биде уште потешка за германскиот шампион бидејќи тренерот Јуп Хајнкес и дефинитивно нема да може да смета на еден од најискусните и најдобри играчи, Арјен Робен.

За Џером Боатенг кој исто така се повреди на првиот дуел уште одма се знаеше дека нема никакви шанси да настапи на „Бернабеу“, но иако за Робен постоеја шанси, денеска Јуп „пресече“ и одлучи да не ризикува со Холанѓанецот кој инаку тренираше на вчерашниот тренинг на Баерн.

Покрај овие две повреди, Баерн од претходно не може да смета на Нојер, Видал и Коман кои исто така се важни играчи во ростерот, па нема никакви дилеми дека место во стартната постава во Мадрид ќе има Тиаго Алкантара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг