Мицкоски: Камионите на братот на Зоран Заев возат за РЕК „Битола“

Макфакс

30/04/2018

16:39

4.980

Големина на фонт

а а а

Камионите на Вице Заев, братот на Зоран Заев, возат за РЕК „Битола“, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видеообраќање до јавноста.

„Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата што важи за блиска до власта ‘СВ Инвест’ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК ‘Битола’, кој, пак, претходно добил огромен бизнис во четири очи. Од материјалот може да се види дека фирмата ‘СВ Инвест’ врши превоз на јаглен со товарни возила кои, како што се гледа од приложениот материјал, се со јасна ознака на оваа компанија, но истите возила се со струмички регистарски таблички. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат во видеоматеријалот не е ‘СВ Инвест’, туку компанијата ДГИ ‘Тотал инжинеринг Струмица’ чиј управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев“, обвинува Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ побара од Обвинителството да провери за колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

Мицкоски во обраќањето спомена и дека компанијата „СВ Инвест“, со чии налепници, како што рече, се обележани камионите во сопственост на компанијата на Вице Заев, била дел и од друг сомнителен тендер за ангажирање работници во РЕК „Битола“ во четири очи, по многу повисоки цени од тие кои реално се исплаќани на работниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг