Во РЕК-Битола пронајдена артилериска граната од Првата светска војна

Макфакс

30/04/2018

10:59

629

Големина на фонт

а а а

Одговорен на обезбедувањето во РЕК-Битола, пријавил дека вчера околу 12,00 часот во РЕК-Битола-Термо, на кота 58 била пронајдена експлозивна направа.

Според информациите, се работи за артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг