„Црвено црните“ по вторпат на Ф4: Страшна драма во „Јане Сандански“ со среќен крај за Вардар!

Дерби

29/04/2018

20:34

3.820

Големина на фонт

а а а

Вардар втора година по ред ќе игра на фајнал-форот во Келн и ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите, откако денеска во една страшна драма во „Јане Сандански“ излезе како победник од двомечот со крајно незгодниот германски противник.

Европскиот шампион ќе има шанса да ја брани титулата на завршниот турнир во Келн, сето тоа благодарение на одличното издание кое го имаше на двата меча против Кил. На крајот, како одлучувачки се покажа голот кој го постигна Македа во последната секунда од гостувањето во Германија, бидејќи денешниот трилер во „Јане Сандански“ заврши со резултат 27:28. Вардар имаше предност од 21:17 во 42-та минута и се чинеше дека е многу блиску до фајнал-фор, но Германците не се откажаа и се погрижија за супер неизвесна завршница во која нашите ракометари сепак имаа трпение и нерви да одработат за пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со израмнувачки гол на Чупиќ во последната секунда кој сепак на крајот после неколку прегледи не беше признат.

Најефикасен во нашиот тим беше Борозан со шест гола, пет постигна Циндриќ, а еден помалку Кристопанс. Сепак, епитетот херој на денешниот меч заминува кај популарниот „Арпад Велики“, односно феноменалиот Штербик кој со своите 13 одбрани имаше клучна улога за пласманот во Келн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг