Раул: Кил нè изненади со пристапот во Германија, ќе биде многу тешко

Дерби

27/04/2018

17:03

1.362

Големина на фонт

а а а

Вардар оваа недела го игра својот последен натпревар на домашен терен во актуелната сезона во Лигата на шампионите, во кој за противник ќе го има германскиот великан Кил кој пристигнува во Скопје по минималниот пораз кој го претрпе во „Шпаркасен арената“.

Европските шампиони се свесни дека ништо не е завршено и дека предноста од 28:29 од првиот дуел ќе треба да ја амортизираат и на неделниот натпревар во „Јане Сандански“, но како што порача и по крајот на првиот меч со Кил, така и денеска тренерот Раул Гонзалес посочи дека Германците имаат капацитет да победат во Скопје.

– Ова е второ полувреме, во првото победивме со еден гол разлика, но Кил има квалитет да победи во Скопје. Ќе биде многу тешко за нас, но играме пред нашите гледачи, во нашата сала и треба тоа добро да го искористиме. Тие играа одбрана 3-2-1 во Германија и не изненадија малку со тоа. Сите сакаме уште еднаш да играме на фајнал-форот, но знаеме дека патот ќе биде тежок. Многумина мислат дека ќе поминеме лесно, но притисокот е врз нас. Се надевам на добра игра и добра претстава која ќе биде доволна за Ф4, – порача тренерот на Вардар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг