Стоилов: Небитно е дали имаме проблеми, нашата цел е јасна

Дерби

27/04/2018

16:00

1.024

Големина на фонт

а а а

Стандардно и според протоколот, Столе Стоилов како капитен на Вардар му правеше друштво на Раул Гонзалес на денешната прес-конференција која ја одржа македонскиот и европски шампион во пресрет на реваншот со Кил во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а слично како и Шпанецот, така и македонскиот пивот одлучи да говори за квалитетите кои ги поседува противникот.

Победата од 28:29 на гостински терен не е никаква гаранција за вардарци околу пласманот на фајнал-фор турнирот во Келн, а за тоа е свесен и самиот Стоилов кој го нарече Кил еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот.

– Пред нас е еден многу тежок натпревар, Кил е тим од висок калибар, станува збор за еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот. Победивме во Германија, но не смее да владеее еуфорија. Мора да мислиме како да е 0:0 и така да ја оствариме нашата цел, а тоа е пласманот на Ф4 турнирот во Келн, – истакна Столе кој запрашан дали постојат одредени проблеми на релација играчи – управа, даде еден дипломатски одговор.

– Немаме проблеми, но и небитно е дали имаме проблеми. Имаме јасна цел, да се фокусираме на фајнал-форот, тоа е нашата цел. Небитно е дали имаме проблеми или немаме, целта е да се пласираме на фајнал-форот и во случај да имаме проблеми, – порача Столе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг