Шпекулациите за евентуален трансфер на Салах во Реал го натера Ливерпул да спреми нов договор

Дерби

27/04/2018

11:57

1.994

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах имаше вонсериска партија во едно полуфинале во Лигата на шампионите, а судбината посака тоа да биде против неговиот поранешен клуб Рома, или поточно против неговите доскорашни соиграчи кои едноставно не можеа да му го најдат крајот на Египќанецот.

Иако поминаа три дена од натпреварот, се уште не стивнуваат позитивните критики за играта на Салах, но продолжуваат и шпекулациите за евентуален негов трансфер по завршувањето на сезоната во редовите на Реал Мадрид за сума од 200 милиони фунти. Иако немало никаков контакт на Ливерпул со тимот на Реал, ниту пак со Салах, шпекулациите доведоа до тоа да англискиот клуб реагира што побрзо и да му понудинов појак финасиски договор за да го осигура неговото присуство на ,,Енфилд”.

Салах против тимот на Рома постигна два гола и забележа уште две асистенции во победата од 5:2 за неговиот Ливерпул. Тој и очекувано беше избран за фудбалер на натпреварот меѓу Ливерпул и Рома, а неговите два нови погодока го донесоа до бројка од 10 погодоци во актуелната сезона во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг