Мурињо за првпат се огласи за Салах и посочи каде треба да се бара вината за неговата спорна продажба

Дерби

27/04/2018

11:54

1.751

Големина на фонт

а а а

Експлозијата на Мохамед Салах во Премиер лигата како член на Ливерпул му донесе премногу позитивни коментари на египетскиот фудбалски мајстор, но во ситуација кога во неговите игри можат да уживаат фановите на тимот од „Енфилд Роуд“, постојат и такви кои се прашуваат како беше можно актуелната ѕвезда на „црвените“ да не успее во нивниот тим.

Станува збор за фановите на Челси кои сега мора да се помират со фактот дека водечките луѓе на клубот испуштија огромен талент за смешна сума на пари, а всушност, најголемите критики во ситуација кога Салах добива фудбалска рапсодија ги доби Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак е означен како главен виновник за лесното откажување на феноменалниот Салах, а сега во интервју за бразилски „ЕСПН“, предводникот на Манчестер Јунајтед одлучи за првпат да се огласи на оваа тема.

– За првпат ќе го кажам ова, но станува збор за нова неправда поврзана со моето име. Луѓето велат дека јас го продадов Салах, а всушност е сосема спротивно. Јас го купив Салах во Челси, а тоа е сосема спротивно. Јас бев човекот кој го купи Салах за Челси, јас му кажав на Челси да го купи Салах. Но, тогаш тој беше мало дете, физички не беше подготвен, психолошки исто така, социјално и културно беше загубен и се беше многу тешко за него. Одлучивме да го пратиме на позајмица и самиот тој го сакаше тоа. Сакаше да има поголема минутажа, да созрее, и затоа го пративме во Фиорентина. Сакам да бидам јасен, Челси одлучи да го продаде, а не јас, – тврди Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг