Совршен дизајн: Раскошните модели на Pinifarina го освоија светот

Супермен

27/04/2018

10:30

1.824

Големина на фонт

а а а

Новиот произведувач на луксузни автомобили Pinifarina ги претставил своите два концепти на авто-салонот во Пекинг – SUV K350 и седан H500.

Како што се очекувало од ова реномирано дизајнерско студио, двата модели пленат со своите дизајни, како внатрешно така и надворешно. 

K350 и H600 ги делат визуелните ноти со претходно претставените модели на Pinifarina кои се развиени во соработка со кинеската компанија Hybrid Kinetic Group.

За погон на овие целосно електрични модели е задолжен електромоторот кој испорачува 408 коњски сили и овозможува забрзување на K350 од 0-100 км/ч за 4,7 секунди и максимална брзина од 250 км/ч. Најавено е дека дометот ќе биде поголем од 1000 километри, без други технички детали.

Pinifarina го најави својот прв комерцијален електричен суперавтомобил за 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk