Досетливи фанови на англискиот клуб: Како ќе изгледа новиот стадион на Ливерпул во чест на Салах

Дерби

26/04/2018

11:31

2.029

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах имаше вонсериска партија во едно полуфинале во Лигата на шампионите, а судбината посака тоа да биде против неговиот поранешен клуб Рома, или поточно против неговите доскорашни соиграчи кои едноставно не можеа да му го најдат крајот на Египќанецот.

Салах постигна два гола и забележа уште две асистенции во победата од 5:2 на Ливерпул над Рома. Тој и очекувано беше избран за фудбалер на натпреварот меѓу Ливерпул и Рома, а неговите два нови погодока го донесоа до бројка од 10 погодоци во актуелната сезона во Лигата на шампионите.

Иако поминаа два дена од натпреварот, сè уште не стивнуваат позитивните критики за играта на Салах, но и фановите на Ливерпул не запираат со секоја можна ситуација да му се заблагодарат на Еѓипќанецот. Најново е што некој од фановите успеал да се досети и направи монтажа како би излгледал новиот стадион на Ливерпул со фараонска пирамида во чест на Салах.




Спонзорирани линкови

Маркетинг