„Јас го продадов Салах, но УЕФА ме натера на тоа“

Точка

25/04/2018

15:46

1.375

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах синоќа повторно блесна во дресот на Ливерпул - одличниот Египќанец постигна два погодоци во победата на Ливерпул над Рома од 5:2.

Салах минатото лето пристигна на „Енфилд“ во Ливерпул токму од Рома и се покажа како полн погодок за „Редси“. Многумина сметаат дека Рома не смееше да се откаже од него, посебно не по цена од „само“ 40 милиони евра, но спортскиот директор на Рома тврди дека причина за продажбата била УЕФА.

„Јас го продадов Салах, но на тоа ме натера ограничувањето на УЕФА. Моравме да го продадеме до 30-ти јуни, а доколку не го сторевме тоа, ќе сносевме последици затоа што нашата сметка беше под лупа на УЕФА“, изјави Мончи.

Салах оваа сезона блеска во дресот на Ливерпул - на 47 одиграни натпревари тој има постигнато 43 погодоци и 15 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг