Салах меѓу 14-те величенствени...

Точка

25/04/2018

11:07

1.602

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах со синоќешните два погодоци против Рома стигна до бројката од 10 погодоци оваа сезона во Лигата на шампионите.

Фантастичниот Мохамед Салах блесна и вчера на „Енфилд“, постигна два погодоци и оствари големо достигнување. Салах со новите два погодоци стигна до вкупно 10 погодоци на неговото конто оваа сезона во Лигата на шампионите, а со таков успех можат да се пофалат малкумина фудбалери.

Досега 10 или повеќе погодоци во една сезона во Лигата на шампионите постигнале само Дел Пиеро, Ривалдо, Жардел, Раул, Ван Нистелрој, Инзаги, Кака, Меси, Марио Гомез, Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски, Ибрахимовиќ, Нејмар и сега Мохамед Салах.

Да потсетиме, пред Салах има најмалку уште еден натпревар, реваншот против Рома, а доколу Ливерпул се пласира во полуфиналето, тогаш пред напаѓачот на Ливерпул се уште два наптревари за да го подобри својот учинок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг