Претседателот на Рома: Ние не зависевме од Салах како што денес Ливерпул зависи од него

Точка

24/04/2018

17:03

985

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Рома, Џејмс Палота денес проговори пред новинарите во пресрет на првиот полуфинален дуел во Лигата на шампионите помеѓу Рома и Ливерпул.

Челниците на Рома во изминатиов период беа на удар на навивачите затоа што клубот го продаде Мохамед Салах во Ливерпул минатото лето. Египќанецот оваа сезона блесна и досега има постигнато 41 погодок во сите натпреварувања.

Иако многумина го обвинуваат спортскиот директор на Рома, Мончи за продажбата на Салах, денес Палота објасни што всушност се случило.

„Кога гледате на тој трансфер тогаш сите мислат дека станува збор за една багатела продажба. Мончи не е виновен затоа што Салах самиот посака да го напушти клубот. Имаше уште една година од договорот и одлучивме да го продадеме, затоа што на крајот немаше да заработиме ниту едно евро“, изјави Палота и додаде:

„Не може да се споредат минатата и оваа година кога станува збор за Салах. Кај нас тој имаше друга улога, но ние минатата сезона го имавме Един Џеко кој што постигна 39 гола и не зависевме од Салах како што денес од него зависи Ливерпул“, изјави Палота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг