Хаос на теренот на мечот меѓу Јута и Оклахома: Се вмешаа сите актери од судии до тренери

Дерби

24/04/2018

11:01

1.491

Големина на фонт

а а а

Натпреварот меѓу Јута Џез и Оклахома Тандерс во „Солт Лејк Сити“ малку недостигаше да прерасне во бојно поле, но благодарение на присебноста на судиите и официјалните лица на двата тима, сепак не дојде до тоа.

Се започна во моментот кога кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук, направи намерен прекршок на Краудер, а овој не очекуваше и бурно реагираше по што се замешаа Адамс и Ентони. Потоа наеднаш влегоа сите кошаркари на терен и заличи на бојно поле, но, поради присебноста не дојде до посериозен инцидент. знае да направи многу одлични потези во текот на некој натпревар, но не може да прифати пораз.

Очигледно е дека Оклахома ќе биде елиминирана уште во првата рунда на плеј-офото, а ова најтешко го поднесува Вестбрук, што очигледно може да се види и од неговата реакција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг