Кион објасни зошто наградата за најдобар во Премиер лигата требало да го добие Де Брујн

Дерби

23/04/2018

20:01

2.032

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах од вчера и официјално е носител на признанието за Фудбалер на сезоната во Премиер лигата во изборот на професионалните фудбалери, а многумина не можат да го прифатат фактот што тој ја доби наградата пред Кевин де Брујн, кој имаше фантастична сезона во дресот на новиот шампион Манчестер Сити.

Еден од нив е легендарниот дефанзивец, Мартион Кион, кој експресно реагираше со своја реакција.

– Што повеќе требаше да направи Де Брујн за да го освои признанието? Ако јас бев активен фудбалер, сигурно ќе го добиеше мојот глас, до пред неколку недели сите го величевме Сити како еден од најдобрите тимови кои ја освоиле лигата.

– Напаѓачите секогаш се во прв план, а Салах беше одличен сезонава и нема што да му се замери. Сепак, секоја екипа има потреба од фудбалер како Де Брујн, кој ќе биде лидер во средниот ред, ќе ја развива играта и ќе создава шанси за соиграчите. Сити немаше да доминира доколку не беше квалитетот и визија на Де Брујн, – истакнал Кион во својата колумна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг