Страшен секс скандал ги потресува Обединетите Нации: Висок службеник држел деца како сексуални робови, а глумел хуманитарец!

Точка

23/04/2018

18:44

4.948

Големина на фонт

а а а

Обединетите Нации отвориле истрага откако поранешниот висок службеник, поврзан со британска добротворна установа, бил уапсен поради тешко сексуално насилство над деца.

Полицијата соопштила дека го пронашла 60-годишниот Канаѓанец Питер Далглиш со две деца од 12 и 14 години во истата просторија каде на почетокот на овој месец извршиле рација во неговата куќа во Непал и го уапсиле. 

Далглиш бил на неколку високи позиции во агенциите на ОН. Во текот на 2015. година бил претставник на ОН во Кабул.

Детективите тврдат злоставувал деца во Непал цели 15 години, откако едно момче, кое било злоставувано од него додека било мало, изнело обвиненија против него.

Службениците соопштиле дека пред три месеци работниците од добротворната организација укажале на неговото однесување.

"Почетната истрага откри дека целел деца во лоша финансиска положба и сексуално ги злоставувал", рекол Пушкар Карки, директор на непалското Централно истражно биро.

Тој рекол дека Далглиш ги одвојувал децата од родителите со понуди дека ќе им овозможи образование, ќе ги одведе во странство и ќе им најде работа.

Далглиш е оженет и има дете, а ја основал глобалната хуманитарна организација "Street Kids International", која сега е дел од "Save the Children" од Лондон.

Ова е најнов во низата скандали поврзани со хуманитарните организации. Претходно било објавено дека хуманитарните работници од Оксфан користеле деца и жени од Хаити за секс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг