Пристигна и првата провокација: Инсиње со зајадлив заклучок по големата победа во дербито

Дерби

23/04/2018

15:31

1.442

Големина на фонт

а а а

Наполи успеа да оствари исклучително важна победа во Торино со која сега се стави во позиција сериозно да размислува на титулата во Серија А, бидејќи во прилог на тимот од „Сан Паоло“ оди тоа што има полесен распоред до крајот на сезоната.

На четири кола до крајот, Јувентус има само еден бод позитива по вчерашниот епилог на „Алијанц стадионот“, но во наредниот период го очекуваат две тешки гостувања кај Интер и Рома, а само за споредба, Наполи го чекаат гостувања кај Фиорентина и Сампдорија.

Токму на овие натпрвари се очекува да биде решена битката околу титулата во Скудетото, а иако вчерашниот меч мина во доста мирна атмосфера кога се во прашање изјавите, сепак сега пристигна и првата зајадлива порака.

Лоренцо Инсиње добил прашање за тоа дали Јувентус и Наполи пристапиле на овој дуел како да е едно големо финале, а одговорот на италијанскиот репрезентативец сигурно нема да им се допадне на фановите на клубот од Торино.

– Јувентус е навикнат да ги губи финалињата, – истакнал Инсиње во микс – зоната, алудирајќи на петте последователни финалиња кои ги загуби клубот од Торино во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг