Alienware хотелска соба: Вака изгледа одморот на вистинските гејмери!

Точка

23/04/2018

16:57

3.522

Големина на фонт

а а а

Моќни компјутери, 4К OLED TV, гејмерска столица, голем кревет - оваа соба во хотелот „Хилтон“ во Панама е создадена за максимално уживање на секој вљубеник во видео игрите.

Ако сте љубител на видео игрите и понекогаш сте посакале да побегнете од сите обврски и да се опуштите само со лежење и играње на видео игри, хотелот „Хилтон“ во Панама има одлична понуда за вас - Alienware собата со број 2425 е направена за гејмерите кои што ќе можат да уживаат во удобноста на собата и моќниот хардвер за 349 долари по ноќ.

Освен тоа што собата е внимателно уредена, а логото на Alienware се наоѓа и на постелнината, гостите ќе можат да уживаат во компјутерот на Alienware со брутални перформанси, 15-инчен преносен компјутер и 65-инчен 4K OLED телевизор со 5.1 сараунд.


Компјутерот „под хаубата“ има Intel Core i7-8700 процесор, 32 GB RAM меморија и GeForce GTX 1080 Ti графичка карта, а преносниот компјутер може да се пофали со Core i7-7700HQ процесор, 32GB DDR4 RAM и GeForce GTX 1070.

Сето ова гарантира совршено гејминг искуство, без разлика на тоа дали сакате да седнете на удобната гејмерска столица пред телевизорот, или на бирото каде што се наоѓа 32-инчниот монитор на Alienware и да уживате во моќта на лаптопот.


Покрај тоа, во собата се наоѓаат и Oculus Rift за гејминг уживање во виртуелната реалност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг