ЕХФ се посрамоти: И покрај победата против Кил, „црвено-црните” во ниту една категорија во изборот на најдобрите

Дерби

23/04/2018

13:23

1.305

Големина на фонт

а а а

Актуелниот европски шампион Вардар победи на гостувањето кај Кил (28:29) во четвртфиналето на Лигата на шампионите и си ги зголеми шансите за нов пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.

Македа од својата половина биеше директно во празниот гол и ги постави конечните 28:29, за голема победа на „црвено-црните“ пред реваншот во Скопје.

Стоилов, Мораеш и Чупиќ постигнаа по 5 голови во редовите на Вардар, додека кај Кил најефикасни беа Билик, Екберг и Вујин со по 4 погодоци.

Но, овој пат ЕХФ се посрамоти што реши да не вброи ниту еден од ,,црвено-црните” во изборот на најдобрите седум од четвртфиналнето во Лигата на шампионите, ниту пак еден вардарец во изборот на тимот на колото и плус во изборот за најубав гол и најдобра одбрана.

Изборот на најдобрите според ЕХФ, можете да го погледнете на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг