Урко не се појави во суд, Кацарска наложи да се бара телефонски

Нетпрес

23/04/2018

12:19

1.301

Големина на фонт

а а а

Дејан Митревски-Урко не се појави како сведок на денешното рочиште за „Тенк“.

Во судница се појавија осуммина вработени во МВР, но Урко, иако бил предложен од одбраната, не дојде да сведочи на судењето во кое на неговиот поранешен шеф, Никола Груевски му се суди за нелегална набавка на луксузниот мерцедес.

Судијката Добрила Кацарска наложи Урко да се повика телефонски.

Судењето е во тек со сослушување на сведоци на одбраната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг