Англиските медиуми ги открија зборовите со кои Венгер ги шокирал своите играчи на тренингот

Дерби

21/04/2018

13:41

1.925

Големина на фонт

а а а

Одлуката за предвремено заминување и напуштање на Арсенал од страна на Арсен Венгер пристигна како гром од ведро небо, потег кој покрај тоа што ја изненади комплетната англиска јавност која веќе две години постојано го критикува Французинот, донел шок и вистински молк во тренинг центарот на „топчиите“.

Пер Мертесакер и Џек Вилшир беа првите кои зборуваа по одлуката на Венгер и признаа дека атмосферата на тренингот била премногу емотивна и тешка, бидејќи ниту еден од играчите не знаел што подготвува нивниот долгогодишен менаџер кој ужива огромна доверба меѓу играчите на првиот тим.

Неочекуваното сценарио во тренинг центарот ги натера англиските медиуми да добијат свои информации за тоа како течел шокантниот говор на Венгер, а сега актуелни станаа зборовите кои им ги испратил Арсен на своите играчи пред да замине на пресот со новинарите.

– Имаме сезона која треба да ја довршиме, трофеј кој сакаме да го освоиме. Јас ќе си одам после тоа и сега ќе одам да ја завршам оваа прес-конференција, – им порачал Венгер на своите играчи кои останале скаменети од зборовите по кои завладеал молк во соблекувалната.

– Никој не можеше да претпостави дека ова ќе следи. Знаев дека тој има уште една година од договорот и логично беше да го доработи. За жал, тоа нема да се случи, навистина сум тажен. Откако знам за Арсенал, Арсен е во тимот. Навистина сум тажен, а од друга страна и разочаран поради тоа што не му ја овозможивме сезоната која тој ја посакуваше. Сепак, се уште имаме шанса да направиме нешто важно и да го испратиме со трофеј, – истакна Вилшир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг