Приведена скопјанката што пушеше марихуана на улица

Макфакс

20/04/2018

20:22

5.768

Големина на фонт

а а а

Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја подели на „Фејсбук“. Двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. И се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали.

Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк која направила фотографии од легитимирањето на скопјанката со марихуаната. Полицајците и нејзе ја легитимирале и побарале да ги избрише фотографиите за што новинарката вели дека ќе го извести Здружението на новинари на Македонија.

„Иако уредно се претставив дека сум новинар, ме принудија пред нив да ги избришам сликите, а потоа ми го земаа телефонот за да проверат дали сум избришала се. Не им значеше ништо тоа што беа од зад грб сликани и немаше по што да бидат препознати. Се понудив да појдам во станица со нив, но не сакаа да чујат за таква можност. Заминаа заедно со девојката“, изјави за „Макфакс“, Кристина Мачкиќ, новинарка на Досие.мк.

Полицајците и објасниле дека ја следеле девојката. Утрово ја побарале дома но не успеале да ја најдат.

Вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“, скопјанка, која се претстави како судски преведувач, објави видео во кое пуши цигара на улица во Скопје и опишува дека марихуаната и помага да го почне денот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг