Како Гвардиола, Конте и Мурињо ја искоментираа одлуката на Венгер

Дерби

20/04/2018

21:08

3.876

Големина на фонт

а а а

Рано утрово екипата на Арсенал соопшти оти Арсен Венгер по крајот на актуелнава кампања ќе се повлече од функцијата прв тренер на составот од Лондон.

Оваа вест беше изненадување за многумина пред се поради фактот што Венгер во повеќе наврати јасно посочуваше дека планира да го испочитува договорот кој му завршуваше во 2019 година. Меѓутоа целиот притисок и резултатите го натераа стариот лисец да се предомисли, да донесе конечна одлука за заминување по 22 години од Арсенал.

Многу ја искоментираа одлуката и потегот на Французинот, но еве што кажаа дел од неговите колеги од Премиер лигата.

-Тој е голема личност. Премиер лигата е Премиер лига поради тоа што го направи и неговата визија. Му посакувам се најдобро во иднина. Се надевам ќе биде инволвиран на поинаков начин во фудбалот. Беше задоволство со Барселона, Баерн Минхен и сега со Сити да се натпреварувам со него, -рече Пеп Гвариодла.

-Мислам дека треба да му оддадеме почит на Венгер за неговата кариера во Арсенал. За него и Сер Алекс Фергусон зборуваме за двајца последни менаџери кои останале во еден клуб толку долго време. Венгер работеше 22 години во Арсенал, тоа е фантастично, фантастична приказна. Има освоено многу со овој клуб и за тоа заслужува голема почит за неговата кариера. Тој е еден од менаџерите кој имаше влијание врз фудбалот, зошто во секој момент сакаше да ја наметне својата идеја за фудбал. Да се игра убав, креативен фудбал, офанзивен фудбал. Заслужува голема почит, не само од навивачите на Арсенал туку и од целиот фудбалски свет, -порача Антонио Конте.

Жозе Мурињо пак во свој стил порача:

-Ако тој е среќен, тогаш и јас сум среќен. Секогаш им го посакувам најдоброто на противниците-ако е среќен со одлуката која ја направил и ако гледа на следното поглавје во кариерата тогаш сум среќен за него. Знам што значи да се освојат три пехари во ПЛ и седум ФА Купови, ама не е само тоа. Тоа што го направи во Јапонија, Франција, француската репрезентација, што му даде на Арсенал и покрај периодот без титули во ПЛ, транзицијата од стариот на новиот стадион. Сите знаеме што направи. Ако е среќен со одлуката тогаш сум и јас. Се надевам нема да се пензионира од фудбалот, -рече Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг