Емотивниот Фергусон: Венгер беше мојот најголем ривал, колега и пријател

Точка

20/04/2018

17:27

1.928

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се огласи после веста дека Арсен Венгер по крајот на оваа сезона ќе го напушти Арсенал.

Арсен Венгер утринава потврди дека по крајот на оваа сезона ќе го напушти Арсенал и тоа е вест број еден на Островот денес.

„Многу сум среќен поради Венгер. Имам голема почит кон него и кон работата која што ја заврши во Арсенал. 22-те години кои што ги посвети на еден клуб најдобро говорат за неговиот талент, професионализам и одлучност. Во времето кога тренерите можат да останат во еден клуб по една или две години, тоа покажува каков успех направил Венгер“, изјави Сер Алекс Фергусон и додаде:

„Мило ми е што во оваа фаза го најави своето заминување. Без сомнение тој е еден од најголемите тренери во Премиер лигата и горд сум што во еден таков човек имав ривал, колега и пријател“, изјави Сер Алекс Фергусон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг