Јорук: Разговорите за екстрадиција на ѓуленистите од Анкара се многу позитивни

Макфакс

20/04/2018

15:56

1.497

Големина на фонт

а а а

Турскиот амбасадор во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, изјави дека разговорите на Албанија и Турција за екстрадиција на ѓуленистите, кои сега се во Албанија, се одвиваат мошне позитивно.

Турскиот амбасадор за албанските медиуми изјави дека по неуспешниот државен удар во Турција, Анкара испратила список во неколку држави, меѓу кои и во Албанија, на приврзаниците на организацијата „Фето“ заради нивна експрадиција во Турција.

Албанија го осуди државниот удар во Турција и сега сме во фаза на разговори таа да ги експерадира лицата што се поврзани со Фетулах Ѓулен. Весникот „Мапо“ наведува дека турскиот амбасадор смета дека разговорите за екстрадицијата се одвиваат позитивно.

Инаку, во интервју за албанската телевизија „Њуз 24“ турскиот дипломат ја изнесе оценката дека организацијата „Фето“ може да создаде хаос во Албанија бидејќи во рака го има образованието во Албанија.

Засега официјална Тирана предводена од страна на премиерот Еди Рама, за кој се тврди дека е одличен пријател на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, нема коментари за депортацијата на лицата што се на списокот на Анкара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг