Арсен Венгер си оди од Арсенал

Макфакс

20/04/2018

12:26

1.481

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, рекол дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти клупата на лондонскиот тим, објави британскиот сервис Би-би-си. Венгер има валиден договор со клубот и за наредната сезона, меѓутоа решил по 22 години да го напушти Арсенал.

Францускиот тренер во Арсенал е од 1 октомври 1986 година и во моментот е менаџер со најлдог стаж во Премиер лигата. Од клупата го предводел тимот на 823 натпревари.

„Внимателно ја разгледав ситуацијата, а по консултациите со луѓето во клубот, почувствував дека е вистинско време да се повлечам. Благодарен сум што ја имав привилегијата толку години да му служам на овој клуб. Екипата ја водев со целосна посветеност и интегритет. Сакам да им се заблагодарам на играчите, стручниот штаб, директорите и навивачите. Поради нив клубот е толку голем“, рекол 68-годишниот тренер.

Венгер со Арсенал освоил три триули во Премиер лигата, последната во далечната 2004 година, односно седум титули во ФА-купот и Комјунити шилд (Суперкуп на Англија).

Навивачите веќе неколку сезони се незадоволни од неговата работа, а незадоволството кулминира по завршувањето на минатата сезона кога Арсенал не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг